По објавувањето на мајската ранг листа кога стагниравме на 133-та позиција, овој пад од три места се случува повторно во период без активности.
Во нашата квалификациска група за СП Русија 2018, Шпанија е 10-та, Италија 12-та, Израел е 55-ти, Албанија 66-та и зад нас е само Лихтенштајн на 186-то место.
Во топ 10 листата ситуацијата мирува. Лидер и натаму е Бразил, а потоа следуваат Аргентина, Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија и Швајцарија. Селекциите на Шпанија и Полска се на делба на 10-то место.
Можноста за подобрување избраниците на Игор Ангеловски ќе ја имаат на следното јулско рангирање, бидејќи се ближат две средби на арената Филип Втори. Со Турција пријателска на 5-ти јуни, а со Шпанија квалификациска на 11-ти.