Олуја и силен дожд беа причините за прекинот на првиот меч на македонската фудбалска репрезентација во најновите мундијалски квалификации.
Според првичните информации натпреварот на стадионот „Лоро Боричи“ требаше со тој резултат и да биде регистриран, но правилата на ФИФА налагаат последните 15 минути од мечот да се доиграат во рок од 48 часа. Доколку нема услови Скадар, мечот бил можело да се доигра во радиус од 100 км. Времето е закажано за од 14 часот.
Македонија одигра бледо прво полувреме со дефанзивна игра и без закани по голот на Бериша. Играта веднаш им ја пропуштија на домаќините кои рано уште во првата прилика во 9-минута стигнаа до водство.
Армандо Садику имаше простор и време да се намести и да биде во долниот агол каде беше немоќен Захов, а тоа му го дозволија Шиков и Мојсов кои беа лошо поставени и не го изблокираа неговиот удар.
Албанија постигна уште еден погодок во првото полувреме, но судијата го поништи поради офсајд ситуација. Единствената шанса за одбележување во нашата селекција беше кога по едно интересно изведен корнер по земја, Пандев биеше силно но над голот.
Вториот дел почна среќно за избраниците на Игор Ангеловски кои успеаа да стигнат до израмнување откако Алиоски доби една подарок топка од еден од дефанзивците на Албанија, потоа истрча брзо и го матираше Бериша за 1:1.
Мечот почна тензично откако цел стадионот како во хор ја исвирка химната на Македонија и потоа не го дочека крајот.