Лудница во Минхен, Баерн и Реал дадоа 5 гола за 45 минути
Арда Ѓулер постигна гол уште во 36-та секунда од реваншот Баерн Минхен - Реал Мадрид по кардинална, незапаметена грешка на голманот Мануел Нојер кој му ја подари топката пред празен гол. Сјајниот Турчин потоа постигна преубав гол од слободен удар. Баерн израмнуваше а до полувреме Мбапе го донесе Реал во водство 2-3!