Луд обид за гол од пола терен, ќе беше еврогол

Во белгиската Про лига, во делот кој разигрува за пласман во Лига Концеренции, Гент на гости со 1-2 го совлада Стандард Лиеж и сега има 34 бода. Играч на мечот беше шпицот на гостите Гифт Орбан кој даде еден гол а на самиот старт на вториот дел проба уште еднаш лукаво да го матира домашниот голман.

Гифт Орбан е 20-годишен фудбалер од Нигерија кој на 2 настапи за за Гент има 2 гола сезонава. Игра на сите позиции во нападот, најчесто како класичен шпиц. Во белгиски Гент дошол на 31-ви јануари годинава од норвешки Стабаек за 3.30 милиони евра. Во моментов цената му е проценета на 9 милиони евра.

8 мај 2023 - 11:11