Ливерпул страшен во Порто, Реал покажа кога е најсилен

Фудбалерите на Ливерпул вечерва остварија една од поубедливите победи во еврокуповите во клупската историја. Со 0:5 го згромија Порто на „Драгао“ и се сигурен патник во четвртфиналето. Реал кога сите го отпишуваа покажа зошто е Реал.

Лига на шампиони, осминафинале, резултати:

РЕАЛ МАДРИД - ПСЖ 3:1 (1:1)
/Роналдо 45’ 83’, Марсело 86’ - Рабио 33’/

ПОРТО - ЛИВЕРПУЛ 0:5 (0:2)
/Мане 25’, 53’, 85’, Салах 29’, Фирмино 69’/

Реваншите се на 6. март во Париз и Ливерпул.