Листата на повреди на Нејмар во изминативе шест сезони

10 повреди, 103 пропуштени натпревари, преку 400 дена надвор од терените. Сето ова од февруари 2018-та до денес.

Од најголема млада ѕвезда во Бразил во дресот на Сантос, а потоа развој и прогрес во кариерата во Барселона во друштво на Меси и Суарез, Нејмар се претвори во кревок играч кој постојано се повредува и не успева да фати долг играчки ритам.

Повредата против Уругвај е скинати лигаменти, најнепосакуваната кај секој спортист, што значи веројатно крај на сезоната во Саудиска Арабија по само 5 настапи и 1 гол.

Изминативе пет и кусур години за Бразилецот се ужас и како што може да се забележи од фотографијата, тој се повредува во просек по два пати годишно.

Нејмар до сега најдолго во кариерата се задржа во Париз, но има одиграно помалку натпревари од времето во Сантос и Барселона.

Сантос 5 сезони - 225 меча, Барса 4 сезони - 186 меча, ПСЖ 6 сезони - 176 меча.

Веста за неговата повреда е разочарувачка за Ал Хилал кој за него плати 90 милиони евра и му дава 100 милиони по сезона (според БиБиСи 150).

Единствената нивна утеха е оштетата од ФИФА, која поради повреда за националниот тим ќе му исплати на клубот сума која би требало да достигне до максимални 7,5 милиони евра или 20.548 евра од ден отсуство.

19 октомври 2023 - 13:53