Во генерална проба пред стартот на новата сезона, пријателска на „Местаља“ одиграле Валенсија и Астон Вила. Премиерлигашот славел 1-2 со головите на Оли Воткинс и Емилијано Буендиа, а после мечот еден куп навивачи на Валенсија дошле да се сликаат со непознат навивач на клубот од Бирмингем зошто мислеле дека е играч облечен во опрема од Астон Вила. И веднаш како прв така втор.