Кремонезе во Серија А после 2 години

Колку луд бараж се играше во италијанската втора лига Серија Б. Кремонезе на крајот победи во финалето против Специја и се врати во елитната Серија А. Првиот дуел во четвртокот во Кремонезе заврши 0-0, а синоќа на реваншот гостите славеа во Специја 2:3 и се пласираа во прва лига. После 2 години што беше огромен повод за илјадници навивачи во градот да го прослават пласманот.

Со головите на Мануел Де Лука кој даде два погодоци во 25-та и во 79-та минута и еден на Микеле Колоколо во 62-ра минута Кремонезе водеше со 0-3. Специја се врати во само две минути со два гола на Франческо Пио Еспозито и Лука Вињали но до крајот не стигна до израмнување.

Кремонезе испадна од Серија А во сезоната 2022/2023 кога заврши на претпоследно место и испадна во втора лига. Минатата година стигнаа до баражот но таму изгубија од Венеција (0:0, 0:1).

Специја исто две години беше во втора лига а во 2023/2024 за малку не испадна во трета лига, на само бод беа зад давеникот Тернана. Следната сезона ја поминаа далеку поуспешно но на крајот не ја совладаа последната препрека за пласман во Серија А.

Кремонезе ќе ја игра само 9-та сезона во Серија А во 122-годишна историја на клубот. Воглавно играа во втора и трета лига и во пониските лиги. Во Серија Б вкупно поминале 33 години. Сега ќе се обидат да се задржат во Серија А.

Покрај Кремонезе во Серија А претходно пласман обезбедија уште и Сасуоло и Пиза. Во втора лига испаѓаат Монца, Венеција и Емполи.

 

 

2 јуни 2025 - 12:25