Крај на неверојатната традиција на Германија стара 64 години

Четирикратниот Светски првак “ја одбрани“ титулата исто како Франција, Италија и Шпанија во новиот милениум, a да е само тоа.

Поразот на Германија од Јужна Кореја не е само резил и елиминација во групата Ф каде немаше друга репрезентација од прв ешалон, а тие завршија последни, туку и прекинување на нешто што се вика константност, доминација и традиција.
 
Ова е прв пат по 1954 година Германија да не ја мине групната фаза на Мундијалите и прв пат од 1954-та да не заврши меѓу најдобрите 8 фудбалски земји во светот.
 
Тоа се два најсилни статистички податоци за нивната низа која завршува на 27 јуни 2018-та, а можеше да продолжи и на СП 2022.
 
Ако некој не сфаќа што значи тоа „Моќта на Германија“, најдобро ќе го сфати кога ќе се запознае со темата World Cup records.
 
 
Германија е рекордер со остварени пласмани на Светските првенства:
 
-Во топ 2 (1954, 1966, 1974, 1982, 1986, 1990, 2002, 2014)
-Во топ 3 (1934, 1954, 1966, 1970, 1974, 1982, 1986, 1990, 2002, 2006, 2010, 2014)
-Во топ 4 (1934, 1954, 1958, 1966, 1970, 1974, 1982, 1986, 1990, 2002, 2006, 2010, 2014)
 
До вчера беше и во топ 8 заедно со Бразил. Германија заврши во топ 8 на сите Мундијали освен (1930, 1938, 1950 и 2018), а Бразил на сите освен (1934, 1966 и 1990).
 
Рекордер со остварени пласмани:
 
-Второ место (1966, 1982, 1986, 2002)
-Трето место (1934, 1970, 2006, 2010)
 
Рекордер со остварени пласмани по ред:
 
-Во топ 2 (1982–1990) заедно со Бразил (1994–2002)
-Во топ 3 (2002–2014)
-Во топ 4 (2002–2014)
-Во топ 8 (1954–2014)
 
 
Со исклучот на Бразил во 2006-та продолжува малерот со сите други бранители на титулата во новиот милениум кои не можат ниту да победат во прво коло.
 
СП 1998
Франција шампион
СП 2002
Елиминирани во групна фаза (Прво коло пораз од Сенегал)
 
СП 2006
Италија шампиони
СП 2010
Елиминирани во групна фаза (Прво коло нерешено со Парагвај)
 
СП 2010
Шпанија шампион
СП 2014
Елиминирани во групна фаза (Прво коло пораз од Холандија 5:1)
 
СП 2014
Германија шампиони
СП 2018
Елиминирани во групна фаза (Прво коло пораз од Мексико)
28 јуни 2018 - 10:24