По завршувањето на мечот против Украина на неутрален терен, Италија го завери пласманот на Европско со 0:0 и заврши со ист број бодови со Украинците.
Ќе имаа +2 да не беше незгодната Македонија која им одигра јуначко реми во Скопје, а лани им удри шлаканица во Палермо и „ги направи“ гледачи на Мундијалот во Катар.
По завршувањето на мечот против Украина, Италијанците зборуваа за Македонија, а коментаторот на Раи 1 отворено кажа дека не сака повторно да им се паднат во квалификации.
Гостин му беше поранешниот дефанзивец на Интер, Даниеле Адани кој се надоврза на Македонија со која четирикратниот светски и актуелен европски првак има само две победи на пет соочувања.
Водителот: Треба да истакнеме една работа, а тоа е дека Македонија не успеа да се квалификува на Европско, но затоа успеа да им извади нерешено и на двете квалификувани репрезентации, Англија и Италија.
Коментаторот: Да, така е, Македонија за нас е секогаш проблематична. Мечот со Англија немаше никакво резултатско значење, исто како против Италија и пак направи добар резултат. Ако можам да изберам, би сакал да ја видам многу далеку во иднината, не би сакал пак да се паднеме во скоро време. Ми беше непријатна како противник.
Адани: Ни беше непријатна и на теренот кај нив каде ни беше тешко. Имавме водство, но мораше да се соочиме со нерешено. Беше тешко.