Одиме со прашањето од насловот чиј е одговор е следен:
Последниот тим кој го освоил првенството на Шкотска, а тоа да не е Селтик или Ренџерс е Абердин во 1984/1985. А знаете како им се викал тренерот? Сер Алекс Фергусон. Да, тој Фергусон од Манчестер Јунајтед.
За легендата познато е дека е најтрофеен тренер во историјата на Манчестер Јунајтед со 38 пехари, но можеби малкумина знаат дека е најтрофеен и во историјата на Абердин. Овој шкотски клуб во својата 114 годишна историја има освоено 19 трофеи од кои 11 се на Ферги. Затоа тој со 49 трофеи тој најтрофеен тренер во историјата на британскиот фудбал.
Откако го избркаа од Сент Мирен, единствениот клуб кој го има отпуштено Фергусон како тренер, во 1978-ма го презеде Абердин на кој му донесе 3 титули во првенството, 4 национални Купови, 1 Лига Куп, но и два меѓународни трофеи, Куп на Куповите на победниците и Супер Куп на Европа.
Првата титула на Абердин му ја донесе по 25 години пауза, а првиот Куп по 15 годишна доминација на Селтик и Ренџерс. Во финалето од Купот на Куповите на победниците Абердин славел против Реал Мадрид, а во Супер Купот на Европа бил подобар од Европскиот првак Хамбург.
Со вкупно 7 трофеи, Фергусон е најтрофејниот тренер во Европа, рекорд кој го дели со Трапатони и Анчелоти. Кога на Абердин му ги донесе првите два и единствени европски трофеи, клубот смислил песна со името „European Song“.
Строгоста на шкотскиот стратег била особина уште од 80-те кога на еден комичен начин со песна ги казнил фудбалерите по 3 фунти бидејќи фрлиле топка од хотел.
Таа приказна ја раскажува Неил Симпсон играч на Абердин од тоа време.
„Бевме на претсезонски подготовки, а кога седевме во хотел на моменти ни беше досадно. Нил Купер и Џон Хјуит делеа соба на петтиот спрат и одлучија да фрлат топка од прозор за да видат толку високо ќе тапне.
Топката удри на работ од базенот и отскокна над оградата, а потоа не ја видовме повеќе. Кога стигнаа платите сите забележаа дека добиле 3 фунти помалку.
Се испостави дека Алекс Фергусон и Арчи Нокс седеле покрај базенот и ја виделе целата ситуација. Сите добивме по една копија од песната напишана од Ферги за да нè потсеќа на нашите одговорности“.