Кој голман најмногу ја вадел топката од мрежа по голови на Меси?

Аргентинскиот ас, капитен кој ги предводеше гаучосите до толку сонувата светска титула, на пријателскиот меч против Панама на 23-ти март постигна прекрасен гол од слободен удар во 89’ минута за победа од 2-0. После тоа Лионел даде хет-трик за полувреме против слабиот Курасао и стигна до бројката од 803 гола во кариера!

Од вкупно 803 погодоци, Лионел Меси 672 дал за Барселона (на 778 меча), 102 за Аргентина (на 174 меча) и 29 за ПСЖ (на 6 меча).

Во својата кариера Лео играл против 332 голмани. 97 од нив успеале да ја сочуваат мрежата. Меѓу оние кој најмногу настрадале од Аргентинецот е ветеранот Диего Алвес кој сега брани во Селта. Меси на овој шпански голман му забил дури 21 гол за 17 натпревари!

Уште еден добар, легендарен голман, можеби најдобар во историјата на Реал Мадрид, Икер Касиљас кој со Шпанија освои Европско и Светско првенство, од Лео примил 18 гола и е на второ место на голмани кои најмногу ги напатил Лео.

Второто место Касиљас го дели со Горка Ираизос, легендарниот баскиски голман на Атлетик Билбао кој бранеше уште и за Жирона, Атлетик Билбао и Еспањол.

Човек кој може да се пофали и да биде горд дека успеал да го сочува голот со најдобриот играч на сите времиња според многумина, е Бразилецот Жулио Сезар кој блескаше во Интер. Тој има 5 меча против Меси без примен гол и тоа е најдобар резултат меѓу сите голмани кои се сретнале со Аргентинецот.

31 март 2023 - 09:51