Се работи за Јан Карло Симиќ, роден 2005 година, кој доби голема шанса да заигра против Модриќ, Винисиус, Крос и останатите европски прваци и тоа во стартната постава на пријателската Реал - Милан 3:2.
Српскиот талент одиграл добро со сигурно затворање во одбрана, на моменти и преагресивно и со рана антиципација. Пофален е и дека имал солиден посед, неколку силни дефанзивни моменти и без ниту една вина за гол.
Се работи за централен бек кој настапи во тандем со Томори и е висок 186 см. Симиќ пристигнал во Милан Примавера како капитен на Штутгарт У-17.
Под водство на Абате има 36 настапи, 2 гола и 2 асистенции. Италијанскиот печат пишува дека е одличен во покривање, но и во организација поради што некои натпревари ги игра и понапред како плејмејкер.
Роден е во Германија, но настапува за Србија У-19, а пред да заигра во Штутгарт, уште на 10 години на еден турнир добил награда за најперспективен играч.
Според Скај Спорт Германија, веќе неколку клубови од Бундеслигата се заинтересирани да го земат на позајмица, но не се единствени. Кон него се насочени и Нотингем Форест, Фрозиноне и Клуб Бриж.
🎥 | 🇷🇸🇩🇪 Jan-Carlo Simić (18, CB) Vs Real Madrid
— Serbian Football Scout (@SerbFootyScout) July 24, 2023
Looked extremely comfortable outside a couple of moments of over-aggressive closing down/stepping out early on.
Tidy in possession, some strong defensive moments, no blame for either goal. Impressive. pic.twitter.com/Hw5tGnDhDw