Фудбалската селекцијата на Шпанија викендов во Осло во составот имаше 11 стартни играчи од 11 различни екипи.
Најверојатно ова е непланирана одлука на селекторот Роберто Морено, а колку е тоа реткост покажува податокот кој вели дека последен пат вакво нешто им се случило пред 99 години и вкупно 699 средби.
Во првиот тим против Норвешка настапија Кепа (Челси), Кавас (Севиља), Албиол (Виљареал), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Бернат (ПСЖ), Габијан Руиз (Наполи), Бускетс (Барселона), Саул (Атлетико Мадрид), Ојазабал (Реал Сосиедад), Родриго Морено (Валенсија) и Себалос (Арсенал).
Шпанија се наоѓа во групата Ф и по 6 победи во 6 кола, овој најмешовит можен состав од клупски аспект, го одигра првото реми.
Црвената Фурија има 19 бода, Шведска 14, Романија 13, Норвешка 10, Малта 3 и Фарски Острови 0.