Моментот се случи во 82-та минута од натпревар Милан - Фиорентина кој заврши 1:0. Од игра излезе Лука Јовиќ, влезе Франческо Камарда, инаку роден на 10 март 2008-ма.
Значи не бил ни роден кога Милан ја освои европската титула со Анчелоти во Атина.
Инаку Пиоли ги немаше на располагање повредените Рафаел Леао и Ноа Окафор, како и суспендираниот Оливие Жиру и го повика Камардар од младинскиот погон.
Малиот кој е висок 184 см има постигнато 485 гола на 89 средби во академијата на Милан или во просек по 5,5 гола по натпревар. На 14 години го пуштиле да тренира со У-19 и на пријателска дал два гола.
Импресивниот Франческо, дебитираше во младинската Лига на шампиони пред два месеци и тоа со хет-трик против Њукасл, а потоа на ПСЖ му даде гол со ножички.
Со оглед на тоа што во прв тим не е дозволено да играат играчи под 16 години, Милан морал да бара овластување од Италијанската фудбалска федерација.
Ова ќе остане ден за паметење за него, но и за неговите родители кои ги снимија возбудени на трибини и тоа токму во моментот кога Франческо влегува во игра.
Цел стадион го поздрави со овации, а спикерот го претстави на посебен начин.
Франческо Камарда го сруши рекордот на Виздом Амеј од Болоња кој пред две години дебитираше само 14 дена постар.
Here Francesco Camarda’s parents in tears when 15 year old striker entered the pitch at San Siro ❤️✨
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 26, 2023
AC Milan’s 2008 born talent became the youngest debutant in Serie A history. 🇮🇹 pic.twitter.com/jzCCfooLaY
15&260 – At 15 years and 260 days, Francesco Camarda is the youngest player to make his debut in #SerieA history, surpassing Wisdom Amey who debuted at 15 years, 274 days. History.#MilanFiorentina pic.twitter.com/kzyaUFWFm0
— OptaPaolo (@OptaPaolo) November 25, 2023
🚨🇮🇹 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 | Francesco Camarda is the YOUNGEST ever Serie A player at the age of 15…
— EuroFoot (@eurofootcom) November 25, 2023
Historical moment for him & Milan academy… here he is, pictured with Ibrahimović just 3 years ago! 👏⤵️ pic.twitter.com/VC4NaotnMI
15 years, 8 months and 15 days old, Francesco Camarda could enter the history books of Milan and Serie A today if he makes it onto the pitch. What a night for the youngster
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) November 25, 2023
pic.twitter.com/oqJNXV7KjI
🔎 #OneToWatch
— football b*stards (@FootballBstards) November 23, 2023
🔴⚫️ AC Milan are considering to call 2008 born Italian talent Francesco Camarda as part of the first squad for the upcoming game vs Fiorentina.
Camarda, 15 years old — already scored 3 goals vs PSG and Newcastle in Youth League.
New deal will also be offered… pic.twitter.com/ZmbDigO6Y6