Голманот на англискиот Рочдејл од Лига 2, четврта дивизија во англискиот фудбалски поредок, Ричард О’Донел си даде најсмешен автогол на сезоната таму. На крајот мечот со Транмир завршил нерешено 2:2 но Рочдејл нема шанси да се спаси и испаѓа во петта лига односно Национална лига од каде во спротивен правец веројатно доаѓа велшки Рексам.