Екипата која се соочува со вакви необични проблеми се вика Поморац 1919 година, кој уште на стартот од новата сезона против Рудар ќе мора им гостува или да бара друг терен.
Нивниот терен повеќе не личи на фудбалски, бидејќи им влегле диви свињи и теренот го направиле попара.
Свињите не се новост во Кострена и тие често се појавувале околу теренот на Поморац, но во понеделникот за прв пат целосно им го уништиле.
„Првиот упад на диви свињи се случи пред петнаесетина дена. Тогаш ископаа мала површина и во план ни беше да го санираме тој дел. Потоа забележавме и втор напад кога го оштетија игралиштето на две места, а во понеделникот затекнавме копање по скоро цел терен. Ужас“, вели Карло Дивоје, кој ја води фудбалската школа на Поморац.
120 играчи во моментов нема каде да тренираат и да играат.
„Осудени сме на тешка импровизација. Комуналното претпријатие се обидува да ни обезбеди терен. На најмладите им понудија терен во близина на салата, а најстарите не можат таму да тренираат. Мораме да се стрпиме, немаме адекватно решение. За сега не ни кажаа колку време ќе трае санацијата, но следниот викенд нема да се игра и ќе мора да гостуваме. Ќе видиме колку клубови ќе сакаат да ги замениме домаќинствата. Рудар се согласи“.
Шефот на фудбалската школа на Поморац вели дека ваквите упади на свињите се закана за безбедноста, особено за најмладите и дека ќе зборува со општинските власти како да го решат проблемот.