"Искрено ми е жал ако мојата изјава се протолкува како хомофобична. Немав намера никого да навредам го почитувам сечиј избор во животот и воопшто немам ништо против сите оние кои размислуваат поинаку од мене", истакна 29-годишниот фудбалер.
Касано контроверзната изјава ја даде на последната средба со новинарите, а набргу потоа реагираа голем број на невладини организации, некои од нив побараа јавно извинување од италијанскиот репрезентативец и ако продолжи со давање на слични коментари тој веднаш да биде исфрлен од репрезентацијата.