Карагер го сакал Белингем во Ливерпул, Анри го поклопи со реплика

Џуд Белингем, англиската сензација игра старт на сезона од соништата во Реал Мадрид. На 6 меча во сите натпреварувања има 6 гола и 1 асистенција. Токму тој пред две недели му донесе три бода на Реал со Хетафе во 90’+5 минута а и синоќа даде победнички гол исто во 90’+5 минута за победа против Унион Берлин.

Во студиото каде како стручни коментатори коментираат Карагер и Тиери Анри, првиов синоќа вели: „Белингем нема да остане таму (во Реал) цела кариера. Тешко е да се напушти Реал Мадрид, но во некоја фаза, мислам тој е еден од најголемите англиски играчи и дека во една фаза ќе дојде во Премиер лига, и каде подобро ако не во Ливерпул 6-кратниот европски шампион?“

Анри му одговара: „Мислам дека игра за тим што има 14 европски титули“.

21 септември 2023 - 10:15