Македонскиот репрезентативец го имаше тоа задоволство на пријателски меч против Јуве Стабија на кој Наполитанците славеа со 3:0.
Спалети играше со комбиниран состав и направи 11 замени, а Елмас ги одигра првите 45 минути. На овој дуел дебитираа новите засилувања во напад, Џовани Симеоне и Џакомо Распадори.
„Носењето на капитенската лента ми донесе посебни емоции и е голема чест. Му благодарам на тренерот Спалети што ми овозможи вакво нешто и им благодарам и на фановите кои дојдоа во голем број да не бодрат на овој пријателски дуел“, изјави Елмас.
Наполи славеше со 3:0, а деби гол на мечот даде новото засилување во средниот ред Танги Ндомбеле кој пристигна од Тотенхем. Другите два ги постигнаа Амброзио и Ѕорби.
Французинот ќе ја дупнеше и топката и мрежата.
Ndombele with a ROCKET in Napoli's friendly 🚀
— Italian Football TV (@IFTVofficial) August 24, 2022
What a way to announce yourself. pic.twitter.com/wZIdNJfxe1