Капитенот на Уругвај земал боца кислород на сред терен во Боливија
Во минатото коло од јужно-американските квалификации, Аргентина го совлада Бразил 4-1 а Уругвај на Марсело Бјелса одигра 0-0 против Боливија на гости. Натпреварот се играл на стадионот „Ел Алто“ во истоимениот град Ел Алто кој е највисок стадион на светот на 4.150 метри надморска висина. Таму во Боливија редовно во квалификациите кога доаѓаат други селекции како Бразил, Аргентина, Перу, Уругвај, Венецуела и други, екипажот носи со себе боци кислород за адаптација на условите.