Кам бек на Пандев, Јаховиќ, Алими и Богатинов

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот за престојните два пријателски средби против Словенија и Бугарија.

Како што беше најавено по пауза од две години во националниот тим се враќа Горан Пандев кој на покана на македонскиот селектор повторно ќе го облече репрезентативниот дрес со кој е најдобар стрелец со 26 голови.

Во напаѓачката линија се враќа и Адис Јаховиќ кој поради инцидентот со Даниел Георгиевски беше отстранет од репрезентацијата од страна на Бошко Ѓуровски. Тоа се случи на еден ден пред стартот на квалификациите за ЕП 2016 кога ни го гостуваше Словачка.

Ангеловски за овие два дуела шанса им дава шанса и на голманот Мартин Богатинов кој брани за Карпати Лавов од Украина и на Арменд Алими кој настапува за Шкендија, а поради повреда ќе ги нема Даниел Мојсов и Давид Митов Нилсон.

Македонија прво ќе гостува на 23 март против Словенија, а потоа на 29-ти на арената Филип Втори ја пречекува Бугарија.

17 март 2016 - 13:24