
Кевин Де Брујне влезе во 69' минута наместо стрелецот на првиот гол за Сити Бернардо Силва и при негатива од 2-1 прво во 74' минута постигна убав погодок за 2-2, а во 90+1' минута од судиско продолжение на фанстастичен начин му асистираше на младиот Оскар Боб за целосен пресврт 2-3.
Со оваа асистенција, Кевин Де Брујне се искачи на третото место на вечната листа најдобри асистенти во историјата на Премиер лига на која прв е Рајан Гигс.
Белгиецот се израмни со Вејн Руни и има 103 асистенции.
„Ми фалеше ова“, рече Белгиецот после мечот: