„Тато, ќе ми позајмиш ли 50 лири? - Што ќе ти се? Треба да го купам Марота“. Звучи чудно нели? Но вистинито е.
Во Авињо, малото место кај Варезе на почетокот на ’60-те години Марота е едноставно Бепе, дете како и сите други. Епизодава ја раскажува, Мауро Мароко другар од детството на актуелниот спортски директор на Јувентус.
„Имаше еден локален турнир а Бепе во тој период беше добар фудбалер. Иако не живееше во моето маало, сакав да игра за мојата екипа. Се вратив дома и побарав пари од татко ми за да го доведеме. Татко ми играше мајтап и не ми даде. На крајот Бепе играше за друга екипа и ние загубиме“, раскажува Мароко, новинар по професија.
Мауро и Бепе Марота поминале бесконечни утра со топката која што подоцна станува страст за двајцата: едниот станува новинар, а другиот успешен раководител. Но како мали само играле.
Иако после тој фамозен турнир, кариерата на Марота не се развивала, напротив: „Како што одминуваше времето не беше толку добар. Дури и почна слабо да игра, иако никогаш не ја загуби интелигенцијата на теренот. Беше бавен како камила, но интелигентен.
Бепе Марота го покажувал интелектот на секое поле, па дури и во ораторството. „И таму интуитивно се најавуваше неговиот талент. Бепе беше мноу приврзан со свештеникот во Авињо, дон Амброџо Череда. Во недела секогаш се даваше филм, а Марота одеше таму и пиеше газоза. Кога и да требаше да се организира нешто, му даваа одговорност нему, сите му веруваа. Отсекогаш беше лидер, но тивок“, додава Мауро Мароко.
Секој жител на местото Авињо за Бепе ќе каже дека бил трпелив и мирен со сите. Раскажуваат дека знаел да ги сослуша другите. И покрај тоа што стигнал до врвот, не го заборава минатото: „Секогаш стои на располагање кога Варезе го вика, дури и кога не е за јавни настани. Ако може, секогаш помага“.
Мароко и Марота изразнале заедно, дури 13 години учеле во исто основно и средно училиште, во ист клас. Надвор од очекувањата, Марота не бил добар ученик како и Мауро.
„Ниту еден од нас двајца не беше добар ученик. Бевме безделници, но успевавме да ја поминеме секоја година“. Повеќе од јазиците и математиката, Марота го интересирал фудбалот, поточно клубот Варезе. „Додека бевме во школо, после часовите одеше до клубот и беше опседнат со нив. Секој ден ги гледаше тренинзите и лека полека ги освои симпатиите на луѓето од клубот“.
Од тој момент се случило нешто неочекувано. Марота од кабинер задолжен за опремата станал претседател на Варезе за неколку години.
„Кога стана кабинер и беше задолжен за опремата, претседателот Колантуони го зема под свое, го заштити и Бепе стана негов миленик“.
Марота тука не застанал, сфатил дека неговата желба од детството полека се остварува. Го гледаше Варезе надвор од оградата, а наеднаш беше на теренот. Неговата задача била да ги спрема ранците на играчите за гостувањата. Подоцна организирал хотели, престој и така добивал поважни улоги. Како американски сон: станал генерален секретар на Варезе на само 23 години, потоа спортски директор, па генерален директор и на крајот претседател. На возраст од 28 години стигна на насловните страни на сите весници.
Сепак не одело сè како подмачкано, затоа што клубот испаднал во Серија Ц2 токму во годината во која Марота бил претседател. Кога испаднале, Бепе се затворил во соблекувалната и не престанал да плаче. Надвор сите протестирале, но тој не бил виновен. За млад човек тоа било премногу.
Но кариерата на детето од Авињо одеше нагоре и стигна до спортски директор на Јувентус со што го оствари животниот сон.
„Неверојатен успех затоа што работеше сè, од магационер и кабинер до претседател. Неговата сила лежи во тоа што ги сфаќа сите и знае како да се однесува со секој. Точно знае кој како се чуствува“, констатира Мароко.
А сè започнало од 50 лири.