Како ќе биде реновиран новиот Камп Ноу?

Во април годинава управата на Барселона склучила договор вреден 1,45 милијарди евра со цел комплетен ремонт на „Камп Ноу“, целосно нови инфраструктурни објекти и модернизација на околината на стадионската територија. Средствата ги обезбедиле дури дваесет инвеститори.

Минатиот викенд Барселона за последен пат сезонава играше на „Камп Ноу“. Клубот нема да игра повторно во својот дом најмалку до ноември 2024-та година. Планот е да играат на Олимпискиот стадион во Барселона а во 2025-та година да се вратат во матичната арена.

Во меѓувреме слабо одела продажбата на нови сезонски карти за новата сезона, купени биле само 7.000, па управата решила да ја намали цената за 50% за секоја трибина.

Исто така допрва треба да се изврши увид на состојбата на Олмипискиот стадион каде во последните години се организирале стотици концерти па под знак прашање се условите за врвен фудбал таму.

Моќно видео на Барселона за збогум со Камп Ноу

31 мај 2023 - 08:52