Моќно видео на Барселона за збогум со Камп Ноу

Го изградија во 1957-ма година и на него испишаа долга и многу богата историја во која дел беа великани како Кројф, Марадона, Роналдо, Ривалдо, Стоичков, Луис Енрике, Гвардиола, Роналд Куман, па се до Меси, Чави, Иниеста и ред други. Ќе му се вратат во 2026-та кога се очекува да заврши реконструкцијата и во новото руво ќе биде модернизиран и проширен со капацитет од 105.000 седишта. Со Мајорка викендов беше последниот меч.

Како ќе изгледа новиот модерен гигант на каталонскиот клуб.

 

29 мај 2023 - 15:22