Најголемите изненадувања во историјата на фудбалот

Кајзер, Данди, Грција - Сите претсказанија за Лестер

Успехот на Лестер е како измислен за филмските студија во Холивуд, но најголемото изненадување во фудбалот во последните години не е првото чудо што го направиле некои однапред отпишани.

Фудбалот е чудна игра во која секој добива шанса и само се поставува прашањето ќе ја искористи или не. Тоа му тргна од рака на Лестер кој со третолигашки и четвртолигашки фудбалери лани се бореше за опстанок а годинава ја освои титулата во конкуренција со Челси, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити.
 
Такви ситуации имаме сè помалку во време кога парите играат сè поголема улога во фудбалот, но додека е можно, малите клубови секогаш ќе се надеваат на чудо.
 
Најголемите изненадувања во фудбалот кои се во рангот на Лестер Сити:
 
10. Онсе Калдас (Копа Либертадорес, 2004)
Речиси извесно најголемата сензација во историјата на Јужноамериканскиот клупски фудбал се случи во Копа Либертадорес пред 12 години. Колумбискиот клуб Онсе Калдас на пенали ја шокираше Бока Јуниорс која беше во страшен налет.
 
Колумбијците не успеаа да ја комплетираат сликата, затоа што Порто ги спречи во финалето на Светското клупско првенство во Јапонија. Група анонимни фудбалери го направија тренерот Луис Монтоја најпопуларен тренер таа година, но сјајната кариера му ја униши ранувањето за време на еден грабеж после што останал парализиран.
 
9. Данди Јунајтед (Шкотска Премиер лига, 1982/1983)

Малиот скромен тим од провинција успеал во последното коло да ја освои титулата пред великаните Селтик и Глазгов, но и пред тогашниот успешен Абердин на Алекс Фергусон. Следната сезона, Данди Јунајтед стигнал до полуфиналето на Купот на шампионите каде што загубил на контроверзен меч од Рома на Олимпико.

8. Кајзерслаутерн (Бундеслига, 1997/1998)Првпат во историјата на Бундеслигата екипата која што влегла од Цвајта (втората лига) веднаш ја освоила титулата, па може да претпоставите колку се славело во градот. „Црвените ѓаволи" го шокирале Баерн Минхен уште во првото коло, а потоа го победиле и во реваншот за првото чудо на легендарниот Ото Рехагел, кој подоцна правеше чуда и со еден наш сосед.

Две години по овој триумф со Кајзерслаутерн, Рехагел беше отпуштен од Баерн Минхен.

7. Ипсвич Таун (Англиска прва дивизија, 1961/1962)

До Лестер и Раниери, ова било најголемото изненадување во историјата на англискиот фудбал. „Трактор бојси" за кои се пишува ден-денес под водство на Алф Рамзи стигнале од третата лига до титулата во најдобрата лига. На стартот на оваа сезона биле главен кандидат за испаѓање, но предводени од неверојатниот центарфор Реј Крофорд кој дал 33 гола, го освоиле трофејот со триумфот од 2:0 над Астон Вила во последното коло.

За жал на сите љубители, после само две години испаднале од лигата.

6. Данска (Европско првенство, 1992)

Даците буквално случајно влегоа на ЕВРО '92, откако Југославија беше исфрлена поради граѓанската војна и санкциите од ОН.

Да биде уште поголем подвигот, Данците се подготвувале само седум дена, играле без својот лидер Михаел Лаудруп и влегоа во историјата. Најпрвин ја совладаа Холандија (бранител на трофејот) на пенали, а во финалето направија сензација откако ја совладаа Германија.

5. Западна Германија (Светско првенство, 1954)

Чудото од Берн се смета можеби за најголемо изненадување во историјата на Мундијалите. Таа '54-та најголеми фаворити за освојување на СП во Швајцарија биле Унгарците непоразени дури на 31 меч.

Предводени од Ференц Пушкаш, Унгарците ја прегазиле Германија 8:3 на стартот и веќе ги гледале како шампиони. Меѓутоа, селекторот на Германија, Сеп Хербергер на тој натпревар ги ставил сите резерви, па очигледно Унгарија ги потценила.

Во финалето Унгарија водела 2:0 после само 8 минути, но Германија направила пресврт во 84' минута од мечот. Тогаш недоволно опоравениот Пушкаш во финишот израмнил, но му го поништиле голот од офсајд. Многумина сметаат дека Германците со овој триумф се ослободиле од етикетата „нацисти" која ја носеле поради Втората Светска Војна.

4. Атлетико Мадрид (Примера, 2013/2014)Реал Мадрид и Барселона со текот на времето ја направија шпанската лига „најдосадната" квалитетна лига на светот, сè додека не се појавија Јорганџиите.

Предводени од ексцентричниот Чоло Симеоне, Атлетико станал трет тим во овој милениум којшто успеал да ја освои титулата во Ла Лига (после Депортиво и Валенсија).

До неочекуваната титула, Атлети стигна со ремито против Барселона на Камп Ноу во последното коло. Тоа беше прв шампионски пехар за црвено-белите после 18 години. Сезоната од соништата им ја расипа трагичниот пораз во епското финале против Реал Мадрид во ЛШ. Серхио Рамос им даде гол во '93-та минута и потоа Реал славеше 4-1 во продолженијата.

3. Стеауа (Куп на европски шампиони, 1986)

За време на Студената војна, источно-европскиот фудбал не можел често да се носи со западно-европскиот. Но до моментот кој го приреди романскиот армиски тим.

Стеауа била тотален аутсајред во фамозното финале против Барселона во Севиља, но мечот го одвеле на пенали каде „Херојот од Севиља" како подоцна го нарекоа голманот Хелмут Дукадам одбранил дури четири пенали во пенал серијата.

Стеауа стана првиот шампион на Европа од Источниот дел на овој континент.

2. Уругвај (Светско првенство, 1950)

16. јули 1950 година, првото пост-воено Светско првенство стигнало до кулминација која што ќе го одреди светскиот шампион.

Маракана „крцата" со 200.000 гледачи кои очекувале крунисување на страшниот Бразил. Кариоките играле одличен фудбал на целиот Мундијал, во групата ја победиле Југославија со 2:0, а потоа и Шведска со 7:1 и Шпанија со 6:1.

На патот кон трофејот им застана Уругвај кој славел со 1:2 и донел гробна тишина пред 200.000 луѓе.

1. Грција (Европско првенство, 2004)

Шест години по чудото со Кајзерслаутерн, Ото Рехагел повторно ја испиша историјата. Во Португалија во 2004. година стана чудотворец.

Бранителот на титулата Франција, Чешка со страшната генерација на Колер, Недвед, Поборски, Репка и домаќинот Португалија засилена со идната ѕвезда на светскиот фудбал Кристијано Роналдо беа главни фаворити за освојување на пехарот. Грција беше претпоследна со коефицент над 500 за триумф. Дисциплираните Грци со стабилна одбрана и многу трчање стигнаа до трофејот.

Никополидис беше несовладлив, Трајанос Делас од Рома царуваше со одбраната, Костас Кацуранис ги уништуваше противничките напади, а Загоракис и Каристеас беа егзекутори во нападот.

Грција по ред ги победуваше сите фаворити со 2:1 или 1:0 - Шпанија, Португалија, Русија, Франција, Чешка...