Додека Италија уште не може да се опорави од шокот во баражот за Светско и по пауза од 1958-ма година остана без учество на еден Мундијал, Џан Пјеро Вентура се лади на одмор во Занзибар.
Нема медиум во Италија кој не ја објави фотографијата од него, како со наочари за сонце плива и си тера одмор на далечниот остров во Африка.
А што и да прави човек на 69 години, кој нема работа, а ќе добива оштета од фудбалската федерација од 880.000 евра, која ќе му ги исплаќа на рати до јуни следната година.
Италијанските медиуми пишуваат дека Вентура изнајмил луксузна вила во Занзибар каде е на одмор со сопругата и каде еден од неговите претходници, Чезаре Прандели има купено куќа.
На социјалните мрежи не го оставаат на мира.
„На денешната ждрепка за СП 2018, Италија е во петтиот шешир со Ферари, Фестивалбар и Тото Кутуњо“.
„Во 16:00 часот ќе се одржи најболната ждрепка. Само на Божиќ без семејството може да ти биде полошо. Не може да се зборува за противниците, не може да се прават математики за табелата и да се замислуваат фудбалски ноќи со пријателите во локалните барови“.
Инаку вака изгледаат плажите во Занзибар.