„Знам низ што минува Гатузо. Тој се чувствува виновен, но во 2006 година имавме генерација на феномени, кои сега ги немаме и треба да ги обновиме темелите. Зградите се градат од темел, а не од горе. Треба да интервенира и владата“.
Сме немале во последно време кого да сместиме во нашата омилена рубрика со офсајд ликови. Ама ете се појави најужасниот италијански селектор кој викендов дебитираше на новата тренерска клупа. Полошо не можеше да помине.
Селекторот кој им го направи најголемиот срам на Италијанците во последните 60 години, го доби најслаткиот отказ во кариерата и најтоплиот во зима. Тие уште си ја трескаат главата, а тој е во купачи.
За квалитетите на селекторот кој има тренирано екипи како Пиза, Бари, Месина, Лече и Венеција, а врвот му се Торино и Сампдорија, доволно говори и содржината на оваа порака која играч на Италија му ја пратил на свој колега.
Во целата експлозија на гнев на социјалните мрежи, најдобрата спрдња за Џан Пјеро Вентура, на кој вечно ќе му стои црната дамка за најголемиот неуспех во историјата на Италија, ја направи Икеа.