
По скоро една година од фијаското на Италија во баражот за СП 2018, каде беше елиминирана од Шведска и не учествуваше на Мундијал по пауза од 60 години, Џан Пјеро Вентура и се врати на тренерската работа, на која се чини дека воопшто не требаше да и се враќа.
Го презеде тимот на Киево кој се наоѓа во најлошиот момент во последниве 15 години. Тогаш сееше страв и со напаѓачкиот фудбал на Џиџи Дел Нери беше во зоната на Европа, а сега е во ситуација да слави со шампањ ако успее да излезе од оваа агонија.
На најнеславниот и највозрасниот селектор на Италија, по срамот со Италија му се падна да го спасува Киево кој го презеде со 6 порази и 2 ремија. Згора на се и со бодовно салдо од -1 поради казната за финансиските малверазиции на газдата.

Човекот кој во 40 годишниот тренерски стаж нема освоено ниту еден трофеј, а најголем успех му е 7-мо место со Торино, со Киево имаше “деби од соништата“. Прими 5 парчиња од Аталанта на домашен терен, екипа која е целосно ван форма со само една победа во Серија А остварена против Фрозиноне на 20 август.
Како ли Киево му даде двогодишна доверба на човек за кој во пресрет на клучниот дуел меѓу Италија и Шведска, двајца италијански репрезентативци си разменија ваква смс порака:
„Ќе поминеме подобро со Џиџи како играч, капитен и селектор. Сега сме брод без капетан во сред невреме“.
На социјалните мрежи го потепаа со штосови после дебито.
Како помина Киево на првиот меч со Вентура?
- Пет примени гола на домашен терен.
- Втор највисок пораз сезонава после Фиорентина - Киево 6:1.
- Хет трик на Иличиќ кој претходно немаше дадено гол оваа сезона.
- Еден црвен картон.

„Прифатив да го тренирам Киево, бидејќи знаев дека никогаш не примаат гол“.

„Гледај како играме добро“
„Тренеру ние сме жолтите“

