Да играш на три фронта, Куп, првенство и ЛШ и во мај месец да сфатиш дека си преживеал секаде, треба да си физички и психички топ спремен и да имаш силен тим со јака клупа. Јуве сезонава тоа го има и затоа издржа на сите полиња.
Во рок од 20 дена тимот на Алегри има шанси да го повтори успехот на Мурињо од 2010-та и оној на Луис Енрике од 2015-та, со таа разлика што Барса таа година стигна до пет титули бидејќи ги освои Супер Купот на Европа и Светско клупско првенство.
Одиме со ред. Јувентус во недела и гостува на Рома и со само еден бод е шампион на Италија. Ако загуби тогаш ќе треба да брка победа на барем еден од дуелите против Кротоне и Болоња.
Само три дена подоцна постои можност на стадионот Олимпико во Рим да стигне и во вториот трофеј, а тоа е во Купот на Италија, бидејќи следната среда на 17-ти мај го игра финалето против Лацио. На 3 јуни веќе знаете, ново финале, она најтешкото против Реал Мадрид.
Како е во другите првенства?
Челси му бега на Тотенхем 7 бода и на три кола до крај е многу блиску до титулата во Премиер лигата. На 27 мај може да стигне до втор трофеј оваа сезона бидејќи го игра финалето од ФА Куп против Арсенал. Но во Европа сезонава го нема, а Лига Купот го освои Манчестер Јунајтед.
Во Германија Баерн Минхен е веќе шампион, a во ЛШ и Купот на Германија се прости во четвртфиналето.
Реал Мадрид е во трка за титулата во Шпанија и со победа на останатите три меча против против Севиља, Селта и Малага е шампион. Втората можност за трофеј им е финалето од ЛШ на 3 јуни, но Купот им избега од раце откако во четвртфиналниот двобој беа елиминирани од Селта.
Единствениот тим кој може да освои три трофеи сезонава, а тоа да не е Јувентус е тимот на ПСЖ. На 1 април го освои Лига Купот откако во финале беше подобар од Монако, а на 27 мај го игра финалето од Купот на Франција против Ангерс. Во игра е и за титулата, но Монако му бега 3 бода и тоа со натпревар помалку.
И во случај да ја одбрани титулата во домашното првенство, за тројна круна се смета освојувањето на првенството, националниот Куп и ЛШ.
Ако е за тоа шегаџиите велат дека и Манчестер има шанси за тројна круна, бидејќи освен трофејот во Лига Купот може да ги освои и Лига Европа и Комјунити Шилд.