
Стрелецот на голот Сесилио Вотерман му се стрча на Тиери Анри кој беше до теренот во улога на стручен коментатор и на цел глас му викаше: „Ти си мој идол! Ти си мој идол!“.
33-годишниот Сесилио Вотерман игра за чилеанскиот клуб Кокимбо Унидо, а сега Панама ја чека големо финале на КОНКАКАФ Лига на Нации против Мексико (ја совлада Канада 1:0 во полуфинале), на 23-ти март.
После мечот водителката Кејт Скот од СБС го прашала Сесилио дали зборува англиски, тој рекол не, само шпански. И ја објаснил епизодата со Анри:
Тој раскажал дека луѓето од КОНКАКАФ правеле интервјуа меѓу репрезентативците и го прашале него кој му бил омилен фудбалер?
„Јас одговорив дека Анри ми е омилен, дека во детството го обожавав Анри, го гледав како игра за Арсенал и Барселона, ми беше инспирација и како мал носев дрес од Аренал“.
Во разговорот се вклучи и Крис Демпси, легендарниот репрезентативец на САД и фудбалер на Фулам кој исто беше гостин во студиото и му рекол на Панамецот да му го подари својот дрес сега на Анри.
А Тиери, во знак на благодарност му кажал дека ќе му прати специјално за него еден дрес од времето кога играше за Арсенал“.
Панама го сруши САД во 93 минута, па славеа лудо со Анри