Да прашате кој е тој Меси од Милан, тоест Месиас е сосема легитимно, бидејќи дечкото има само три настапи за росонерите, два во Серија А и еден во Лига на шампиони.
Дебитираше минатиот месец против Аталанта, а дебито во ЛШ против Атлетико Мадрид сигурно до вчера му било само сон во кој можеби и тој самиот не верувал дека може да му се исполни, ако се види како почнал.
Неговата приказна може да биде инспирација за секое дете кое мечтае за фудбалска кариера. Замислете, на Жуниор му се случува животно фудбалска ренесанса на 30 години.
Тој пред 10 години пристигнал да работи во Италија за да преживее и бил дел од центар за мигранти во Торино и тоа во еден од поопасните со мешавина на луѓе од цел свет.
На 20 години почнал да работи на градилиште, на 25 години бил доставувач на фрижидери и играл во аматерска конкуренција, на 28 години игра во Серија Б, на 29 години заигрува во Серија А за Кротоне, а на 30 дебитира за Милан во Лига на шампиони со гол против Атлетико Мадрид на гости.
И тоа ултра важен гол постигнат во финишот, со кој го враќа Милан во последното коло во игра за осминафинале. Треба да го добијат дома Ливерпул кој веќе е пласиран, а Порто дома да не го победи Атлетико.
Сите пишуваат за сторијата на херојот на Милан кој од беда пред неколку години, стигна до милионски договор со седумкратниот првак на Европа.
Junior Messias is 30 years old. He made his professional debut three years ago.
— GOAL (@goal) November 24, 2021
Before that, he was a part-time player working as a delivery driver.
Today, he scored for AC Milan in the Champions League 😍 pic.twitter.com/R49iRG4zMn
Junior Messias
— 433 (@433) November 24, 2021
🚴♀️ Delivery driver & amateur football player. (25 years old)
🅱️ Official Serie B debut (28 years old)
🅰️ Official Serie A debut (29 years old)
🤩 Champions League debut & 87th minute winner (30 years old)
It’s never too late, guys. 😉 pic.twitter.com/cLChN7GGhb
The incredible story of Junior Messias, AC Milan hero tonight. 🔴🇧🇷
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 24, 2021
Three years ago he was in Italian 4th division.
He used to deliver refrigerators and other household appliances whilst playing at the amateur level.
Tonight, scored on his FIRST #UCL appearance - 30 years old. pic.twitter.com/07XiektWdX
„Ми дојде да плачам, бидејќи низ глава ми помина сè што преживеав. Чиста емоција. Помислив на бога, цела моја историја е напишана од него“.
Messias reflects on his and our special #UCL night: here's what he had to say 🗣️
— AC Milan (@acmilan) November 25, 2021
Tutta la gioia nelle dichiarazioni del post-partita di Messias dopo la vittoria in #AtletiMilan 🗣️#SempreMilan pic.twitter.com/2MZ5aWWF2w
Целата сторија за него тука.