Се вика Жуниор, како и еден куп Бразилци, а се превиза Месиас. Интересно презиме, особено ако ги прочитате одвоено првите четири и последните две букви. Каква бајка му се случува во животот. Па зарем успеал да склопи око синоќа?
Милан имаше продуктивен преоден рок, во склад со можностите и колку пари толку музика. Во последните часови од трансфер пазарот во Милан дојде фудбалер кој има многу необично минато. Патот кој го изодел е права инспирација за многу луѓе.
Нигериецот Симеон Точукву Нванкво - Сими и Бразилецот Жуниор Месиас се тандем со неверојатна животна приказна. Судбината ги споила во Кротоне каде ја заинтригираа европската фудбалска јавност. Даваат голови, асистираат и сакаат да останат во Серија А. А тргнале од 0.