Првиот меч против Холандија, македонската фудбалска репрезентација го одигра пред 17 години или поточно на 9 октомври 2004-та кога тогаш 21 годишниот Пандев ја играше првата од петте сезони во Лацио.
Градски крцаше, селектор беше Драган Канатларовски кој со Пандев, Стојков, Шаќири, Седловски, Митревски, Васовски и другите му покажа заби на легендарниот Марко Ван Бастен кој допатува со ѕвезди како Снајдер, Давидс, Кајт, Ван Бомел, Коку, Ван дер Сар...
Тоа беше 3. коло од мундијалските квалификации за СП 2006 во кое нашите репрезентативци на два пати анулираа негатива и се изборија за јуначко реми од 2:2. И двата одговори беа експресно брзи во двете полувремиња.
Само три минути по лошото боксување на Јане Николовски, Пандев во финишот од првиот дел израмни на 1:1 и предизвика земјотрес од 20.000 гледачи. Во 65-та минута Дирк Кајт реализираше за 2:1, а младиот Пандев на мајсторски начин прими една долга топка која му ја сервираше на Ацо Стојков за конечни 2:2 во 71-ва минута. Убавина од акција, плус Калински коментира.
Голот на Пандев
Хајлајтс од мечот со состави, химни, шанси и четири гола.
Четири години подоцна Пандев повторно стрелаше во Скопје против Холанѓаните, овој пат од пенал за конечни 1:2 и тоа повторно беше квалификациски меч за Светско. Даде уште еден гол, но му го поништија поради офсајд.