
Оваа порака на фудбалерот за време на прославата на голот пред навивачите, предизвикала гнев во турската јавност која е про-палестински настроена, па фудбалерот веднаш после мечот бил приведен на полициски разговор во Анталија.
Клубот набрзо го суспендирал, му го раскинал договорот со изјава на првиот човек Синан Бозтепе дека „не прифаќаат такво однесување на поединци па по цена тоа да ги чини титула“.
Here is today’s game-tying goal by Israeli
— The Israel Files (@theisraelfiles) January 15, 2024
Sagiv Jehezkel, who saved his team, Turkish side Antalyaspor, from a loss.
Sagiv has since been kicked off his team and arrested by Turkish authorities because he pointed to a bandage on his wrist that said: “100 days, 07/10,” a… pic.twitter.com/SDqlcN6qCz
Обвинителството во Анталија покренало истрага затоа што фудбалерот од Израел поттикнувал говор на омраза и непријателство што е казниво со закон. Истото го потврдил и турскиот министер за правда Џилман Тунч а казна го чека и од фудбалскиот сојуз на Турција.
Во меѓувреме СиЕнЕн на турски соопшти дека фудбалерот Сагив Јехезкел ќе биде протеран од Турција во најбрз можен рок и ќе се врати во својата родна земја Израел.
Анталијаспор после 20 кола е на високото 7-мо место во турската Суперлгиа со 29 бода колку што има и шестопласираната Адана Демирспор. Прв на табела е Фенербахче со 53 бода но и меч поеќе од Галатасарај кој има 48.
„Не го сторив тоа да испровоцирам никого. Сакам само војната да заврши. Тоа е зошто го покажав натписот“, рекол Јехезкел во изјава за полицијата која се шири по турските медиуми.
Израелскиот фудбалер сезонава има 6 гола и две асистенции на 13 меча за Анталијаспор.
А уште еден фудбалер од турската Суперлига, Израелецот Еден Карзев се соочува со суспензија по интерната истрага во клубот Истанбул Башакшехир затоа што објавувал објави на социјалните медиуми кои се косат со клупската дисциплина и правилник.
Карзев (23) наводно, пишува ТРТ Хабер, реобјавил слика од друг профил во која се одбележува 100 дена од страшниот напад на Хамас во Израел кога убија стотина лица и киднапираа над сто лица.