Изненадување од Панини со нова сликица од Пандев

Ако помисливте дека Панини треската заврши во Македонија, сте се заебале. Се појави нова посебна сликица од нашата легенда која вреди да се има.

Специјалното изненадување од Панини е сликица со Горан Пандев од неговиот гол против Австрија во првото коло.

Тоа е голем момент за одбележување, бидејќи се работи за деби голот на Македонија на Европските првенства кој ќе остане запишан во историјата и тоа постигнат токму од човекот кој ја однесе нашата земја на големата европска сцена.

Какви мераци и емоција беше тоа, сега овековечен во сликица која се продава по цена од 10 евра.

24 јуни 2021 - 12:18