Историски говор на Пеп Гвардиола за стравотиите во Газа пред цела сала

Најдобриот тренер на денешницата Пеп Гвардиола добил почесна титула на славниот Универзитет во Манчестер. При говорот од говорницата зборувал и за Газа.

 „Колку е болно она што го гледаме во Газа. Ме боли многу, ме повредува по целото тело. И дозволете да бидам јасен, не е од идеологија. Не е прашање дали сум во право или грешам. Дајте. Се работи за љубов кон животот. За грижата за твојот комшија“.

Можеби мислиме дека тоа што гледаме девојчиња и момчиња на четири години како се убиени од бомби или се убиени во болница зошто веќе не е болнциа повеќе. Не е наша работа..

Може да помислиме за тоа. Не е наша работа, но внимавајте. Следни ќе бидат нашите. Следните четири и петгодишни деца ќе бидат нашите. Извинете но јас ги гледам моите деца кога се будам секое сабајле по кошмарот кој се случи со новороденчињата во Газа. И преплашен сум. Можеби оваа слика изгледа дека е далеку од каде што живееме сега. И може да прашате што можеме да сториме“?, прашува Пеп Гвардиола. 

 

10 јуни 2025 - 10:08