На пат кон Врсар каде денес Динамо Загреб треба да го одигра 1/16-финалниот натпревар од хрватскиот клуб против локалниот нисколигаш, дефанзивецот на загребчани, Домагој Вида решил да се опушти како на средношколска екскурзија и во клупскиот автобус си отворил пиво.
Тоа секако не му се допаднало на строгиот тренер Анте Чачиќ кој веднаш реагирал и му наредил на возачот да го застане автобусот и без многу двоумење го исфрлил Вида на сред улица.
Вида ќе го пропушти денешниот натпревар, а тренерот и клупското раководство наскоро ќе одлучат дали ќе заработи и дополнителна казна.
Ова е петта дисциплинска мерка на тренерот на Динамо во последните 30 дена. Заради ноќни лудувања парично беше казнет Самир, а Покривач, Леко и Адеми беа исфрлени од првиот тим заради неангажирање на тренинг.