Во интервјуто со доајенот Михајлов, зборува Стеван Панов, еден од основачите и играчите на Вардар, ама не оној формиран во 1947-ма, туку првиот во 1919-та.
Го снима дома, во парк и на Градски во 1987-ма за емисијата „Полн Кадар“ кога тој полни 80 години, а сегашниот Вардар тогаш славел 40.
Стеван Панов е ликовен педагок и тогашен пензионер веќе 15 години, како и единствен жив (тогаш) од екипата на основачи.
Михајлов всушност ги имал сведоштвата лично од човекот кој ги обезбедил првите кожни топки од Англичани. Пази ова кога напумпале една од нив се збуниле дека е јајцевидна, бидејќи немале појма дека постои рагби како спорт. Мислеле мајсторот ја утнал нешто.
Кажува каде и со кого го формирале Вардар, каде се наоѓало игралиштето на кое играле, како и за првите пријателски средби против Напредак, ССК и Победа кои се формирале после нив.
Црно црвените дресови ги добиле откако трговецот Перо Јакимов кој патувал во Виена, го гледал Рапид и купил дресови за Вардар во истите бои.
Градски на времето бил Хиподром, а првото игралиште на Вардар 1919 се наоѓало меѓу кафаната Кермес и тениските игралишта. По натпреварите се бањале во езерцето во Градски парк.
Го извади и печатот на кој пишува лоптачки клуб Вардар Скопје. Сите овие историски факти се поткрепени со фотографии.