Оливаиш е Мошкавиде е мало клупче од предградие на Лисабон. Нивното стадионче „Алфредо Маркес Аугусто“ собира 2.730 гледачи. На жребот за Куп на Португалија со нетрпение очекуваа да видат кој ќе им падне. Кога го извлекоа гигантот Спортинг, играчите не можеа да поверуваат.
Мечот од трета рунда ќе го играат на нивниот стадион на 20 октомври. Постои можност и да го префрлат домаќинството кај Спортинг со цел да заработат повеќе средства од влезници. Тоа е пракса кога мал нисколигаш игра против гигантите од прва лига.