Еквадорецот Сегундо Кастиљо четири сезони играше за белградска Црвена звезда и остави голема трага со 48 настапи, 15 гола и освоени трофеи. Потоа играше во Вулверхемптон па во Мексико, на кратко во Саудиска Арабија па се врати дома во Еквадор. Сега е тренер на еквардорска Барселона СЦ која синоќа играше со Ривер Плејт во Копа Либертадорес и изгуби 2:3. Кастиљо веќе подолго време се облекува дречливо во апстрактни одела и чевли за на свадба.