Манчестер Јунајтед минатото лето во 2019-та плати астрономски 87 милиони евра за да од Лестер го донесе стоперот Хари Мегваер. Репрезентативецот на Англија е и меѓу најплатените фудбалери во Премиер лига со 190.000 фунти неделна плата, ама она што го прикажува на теренот е далеку од таа вредност.