И Италија има шанси да го освои Мундијалот

Што предвидувате на СП 2018, дека златниот пехар ќе го освои бранителот Германија, долгогодишниот фаворит Бразил или поранешниот шампион Шпанија? Или па можеби Италија како што некој предвидува.

Со оглед на нивниот силен играчки кадар и моќ, по тој редослед и се наредени трите главни фаворити за освојувањето на Светското првенство, барем според истражувањево на швајцарската банка UBS.
 
На нешто помалку од еден месец Швајцарците направиле тим од 18 аналитичари кои со компјутерска симулација на турнирот 10.000 пати се обиделе да го предвидат победникот на 15 јули.
 
Тоа е позната игра на USB и на други банки кои се обидуваат со разни модели да го предвидат шампионот. Симулациите не се секогаш прецизни. Пред четири години предвидуваа за домаќинот Бразил, но тој беше посрамотен во полуфинале од Германија со 7:1.
 
Сега фаворит број 1 им е Германија со 24%, потоа Бразил 19,8%, па Шпанија 16,1%, а во топ 5 влегуваат и Англија и Франција.
 
Единствените пет земји на кои не им даваат никакви шанси за освојување се Египет, Тунис, Коста Рика, Саудиска Арабија и Панама.
 
Каде е најголемата утка? Тоа што место 32, ставиле 33 учесници и некакви шанси за пехарот и дале и на Италија која нема да учествува бидејќи го загуби бараж дуелот од Шведска.
 
18 мај 2018 - 10:52