Холандија - Мексико 2:1
Дос Сантос 48` - Снајдер 88` Хунтелар 92`
Првото неинтересно полувреме во Форталеза мина со повеќе тактизирање и помалку шанси, а дополнителна тешкотија за 22 актери на теренот беа и високите температури поради кои за прв на Светското во Бразил видовме и тајм аут.
Возбудувањата на теренот ги најави Џовани дос Сантос кој на стартот на вториот дел со одличен удар ја изненади селекцијата на Холандија. На две минути до крајот на регуларните 90 минути Снајдер со неодбранлив удар ја спаси својата земја од елиминација.
Шокот за Мексиканците стигна во 92 минута откако Ариен Робен многу вешто изнуди удар од 11 метри кој беше сомнителен, а во гол кој значење четвртфинале го претвори Хунтелар. Во следната фаза избраниците на Ван Гал ќе се судрат со подобриот од дуелот помеѓу Коста Рика и Грција.