Хазелбанк почнува со тренерскиот занает

Поранешниот холандски репрезентативец кој играше во неколку клубови во Холандија, Португалија, Англија и Шпанија е назначен за нов тренер на белгијскиот Антверпен.

Џими Флој Хазелбенк кој го паметиме по настапите во Челси каде за 4 сезони постигна 69 гола се повлече од фудбалот во 2008 година, а неговиот последен клуб беше Кардиф Сити. Второлигашката екипа Антверпен од Белгија ќе биде неговиот прв клуб кој ќе го води како прв тренер.

„Среќен сум што клубот ми ја дава оваа шанса. Антверпен има голема историја и прекрасни навивачи. Се разбира дека нашата прва цел ќе биде да се вратиме во прволигашкото друштво", изјави новиот тренер Хазелбанк.

Антверпен пред точно 20 години играше во финалето од Купот на куповите на победниците каде загуби од Парма, а во Белгија четири пати го освои првенството и два пати Купот.

Хазелбанк до сега има работено со младинскиот тим на Челси до 16 години, а УЕФА А лиценцата ја доби додека ја тренираше академијата „Најк". Како помошник тренер искуство стекна во екипата на Нотингем Форест.

29 мај 2013 - 15:26