Грчко-турски дуел ќе има во Лига на Конференции

Денешната богата програма на УЕФА со жрепките во Нион заврши со влечење на паровите за четвртфинале во Лига Конференции.

Лига на Конференции, четвртфинале, парови:

КЛУБ БРИЖ - ПАОК
ОЛИМПИЈАКОС - ФЕНЕРБАХЧЕ
АСТОН ВИЛА - ЛИЛ
ВИКТОРИЈА ПЛЗЕН - ФИОРЕНТИНА

Првите натпревари се закажани за 11-ти април со реванши на 18-ти април. Полуфиналните средби се планирани за 2-ри и 9-ти мај а големото финале ќе се игра на 22-ри мај во Атина на новиот модерен стадион „Аја Софија“.

Претходно се извлече и жрепка за четвртфинале во Лига на шампиони и Лига Европа.

15 март 2024 - 15:40