Лига Европа носи мега дуели: Италијанско дерби, Ливерпул во Бергамо

Како што е веќе со традиција, прво се влече жрепка за Лига на шампиони, а потоа Лига Европа и Лига Конференции, така попладнево се извлекоа и паровите за второто по ранг натпреварување на УЕФА кое носи дерби спектакли. Осум тимови а еден трофеј.

Во друштво на Џорџо Маркети и Педро Пинто, паровите ги влечеше некогашниот шпански репрезентативец и центарфор на Атлетик Билбао, Севиља, Јувентус и Наполи.

Лига Европа, четвртфинале, парови:

МИЛАН - РОМА

ЛИВЕРПУЛ - АТАЛАНТА

ЛЕВЕРКУЗЕН - ВЕСТ ХЕМ

БЕНФИКА - МАРСЕЈ

Четвртфиналните натпревари се закажани за 11-ти април со реванши на 18-ти април, полуфиналето на 2-ри мај со реванши на 9-ти мај а големото финале за 22. мај во Даблин.

Извлечени беа и евентуални полуфинални дуели:

МИЛАН/РОМА - ЛИВЕРПУЛ/АТАЛАНТА
ЛЕВЕРКУЗЕН/ВЕСТ ХЕМ - БЕНФИКА/МАРСЕЈ

Паровите за 1/4 финале во Лига на шампиони

15 март 2024 - 12:56