Жрепка во Лига на шампиони, страшни парови извлечени за четвртфинале!

Попладнево во Нион се извлекоа четвртфиналните парови во елитната Лига на шампиони и очекувано се паднаа мега дерби дуели.

На жрепката, заедно со по традиција присутниот Џорџо Маркети се појави Џон Оби Микел, Нигериецот кој освои бројни трофеи со Челси меѓу кои и Лига на шампиони во 2012-та во легендарното финале со Баерн во Минхен.

Лига на шампиони, жрепка за четвртфинале:

АРСЕНАЛ - БАЕРН МИНХЕН

АТЛЕТИКО МАДРИД - БОРУСИЈА ДОРТМУНД

РЕАЛ МАДРИД - МАНЧЕСТЕР СИТИ

ПСЖ - БАРСЕЛОНА

Се извлекоа и евентуалните двојки во полуфинале:

АТЛЕТИКО МАДРИД/ДОРТМУНД - ПСЖ/БАРСЕЛОНА
АРСЕНАЛ/БАЕРН - РЕАЛ МАДРИД/МАН.СИТИ

Првите натпревари од четвртфинале на Лига на шампиони се на 9. и 10. април, а реваншите на 16-ти и 17-ти април. Полуфиналните мегдани се закажани за 30. април и 1. мај, со реванши на 7-ми и 8-ми мај.

Финалето се игра на „Вембли“ во Лондон на 1-ви јуни.

Според правилникот, во оваа фаза нема посебни ограничувања како во претходните рунди, односно може да се сретнат и клубови од исти земји во четвртфинале на Лига на шампиони.

Лига Европа носи мега дуели: Италијанско дерби, Ливерпул во Бергамо

15 март 2024 - 12:01