Гол на Винисиус во 90+9-та минута каков што ретко се гледа

Бразилците сменија неколку селектори и се уште со големи напори стигнуваат до триумфи на патот во квалификациите за Светско првенство 2026. Кариоките ги води ветеранот меѓу тренерите, Доривал Жуниор. Синоќа Бразил ја победи Колумбија 2-1 со гол буквално во последни секунди од мечот, во 90+9-та минута од судиско продолжение на Винисиус Жуниор.

На стадионот „Мане Гаринча“, Бразил прв дојде во водство преку сезонава неверојатниот Рафиња кој го отвори резултатот во 6' минута од пенал. Во 41-ва минута Луис Дијаз од Ливерпул израмни на 1-1, а во судиско продолжение на асистенција на Рафиња, Винисиус Жуниор распали од дваесетина метри за луда победа на Бразил над Колумбија.

Бразилците со 13 одиграни меча се втори со 21 бод но третиот Уругвај (20 бода) и првопласираната Аргентина (25 бода) имаат по натпревар помалку кој ќе го одиграат вечерва.

Головите и најдобрите моменти од мечот:

Standings provided by Sofascore
21 март 2025 - 09:18